Бонусите во СЈО биле класифицирани информации

Исплатите на дополнителни надоместоции кои им се исплаќале на вработените во некогашното Специјално јавно обвинителство биле означени како класифицирани информации, открива извештајот на Државниот завод за ревизија објавен денеска.

Според наодите на ревизорите, согласно правилникот што го изготвила екс шефицата на СЈО, сега осудена во предметот „Рекет“, Катица Јанева, во текот на четири години биле исплатени 4,6 милиони евра без законска основа.

Во извештајот се наведува дека до вкупната сума е дојдена по откривањето на податоци за исплати на кои Јанева им ставила назнака класифицирани и останале недостапни за јавноста.

„На донесениот заклучок на ревизорот за усогласеноста за исплатените средства за плати и додатоци на плати со релевантната законска регулатива и интерните акти, влијаат и констатираните состојби кои се однесуваат на остварување на правото на другите надоместоци, кои произлегуваат од информациите кои имаат степен на класификација дадена од страна на одговорното лице на СЈО и се дел од посебен извештај“, се вели во извештајот.

Дека постои посебен извештај со класифицирани информации потврди и шефицата на обвинителството за организиран криминал, Вилма Русковска која води истрага за исплата на високите бонус во СЈО.

„Ова е само еден ревизорски извештај што е објавен во јавноста. Постои уште еден, кој не е објавен, бидејќи ќе треба да се декласифицира. Тој е во моментов во Републичкото јавно обвинителство, па ќе видиме допрва што ќе содржи, но секако би побарале декласификација, изјави Русковска за Слободен печат.

Инаку, Јанева иако во домашен притвор и разрешена од обвинителската функција и забелешките кои ги испратила на нацрт извештајот на ревизорите ги означила како „доверливо“. Иако за ова Јанева нема никакво областување. Па, оттаму ревизорите си дозволиле заедно со својот извештај јавно да го објават и документот со забелешките на некогаш првиот човек на Специјалното јавно обвинителство, која сега правосилност на пресудата за казна затвор од седум години во предметот „Рекет“.