Бора Ѓорѓевиќ ќе биде погребан со рок химната

Ковчегот со телото на починатиот музичар Бора Ѓорѓевиќ денеска, 5 септември, во вечерните часови треба да пристигне во Чачак.

Телото ќе биде сместено во капелата на Општата болница Чачак до погребот кој е закажан за во сабота.

Приемот за сочувство е закажан во 13 часот во капелата на Градските гробишта во Чачак. Погребот ќе се изврши во 14 часот и 30 минути.

Комеморацијата ќе се одржи во големата сала на Центарот за култура Чачак лоцирана на плоштадот Народно востание во 11 часот.

-Знаеме дека голем број луѓе ќе го испраќаат за последен пат, од неговите обожаватели до нашите најпознати музичари, неговите пријатели, изјави градоначалникот на Чачак, Милун Тодоровиќ.

Како што неофицијално се дознава, важна улога за време на погребот на Бора Ѓорѓевиќ на Градските гробишта во Чачак ќе има хорот на гимназијата, кој ќе ја пее рокенрол химната „Pogledaj dom svoj, anđele“.