Борбите ќе траат додека не го вратиме Крим, тврди Зеленски

Украина ќе продолжи да се бори против Русија додека не ја врати контролата врз Кримскиот Полуостров, вети претседателот Владимир Зеленски.

„Оваа руска војна против Украина, против цела слободна Европа, започна со Крим и треба да заврши со Крим – со неговото ослободување“, рече Зеленски во видео обраќањето во вторникот.

„Крим е украински, и ние никогаш нема да се откажеме од него“, вети претседателот, инсистирајќи дека полуостровот, кој со големо мнозинство гласаше за повторно обединување со Русија на референдумот во 2014 година како одговор на државниот удар во Киев, е „окупиран“ од Москва сите тие години.

Нема да има мир во регионите на Црното Море и Медитеранот „се додека Русија може да го користи нашиот полуостров како воена база“, тврди тој.

Сепак, Зеленски призна дека во моментов е „невозможно да се каже“ кога точно Украина ќе може да го врати Крим. „Но, ние постојано додаваме нови компоненти во формулата за ослободување“ на полуостровот, додаде тој.

Минатиот месец, украинскиот заменик-министер за одбрана Владимир Гаврилов тврдеше дека Киев ќе користи оружје испорачано од Запад за да ја уништи руската Црноморска флота, која се наоѓа во пристанишниот град на Крим, Севастопол, и да го врати полуостровот. Таква операција ќе биде спроведена „порано или подоцна“, изјави тој за британските медиуми.

Други украински функционери упатија закани против Крим неодамна, вклучувајќи го и главниот помошник на Зеленски, Алексеј Арестович, кој рече дека Киев би можел да удри на мостот Керч долг 19 километри што го поврзува Крим со рускиот регион Краснодар веднаш штом ќе добие техничка способност за тоа.

Сепак, поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев, кој сега е заменик-претседател на Советот за национална безбедност на земјата, предупреди дека ако раководството во Киев навистина одлучи да употреби сила против полуостровот „Судниот ден ќе им дојде на сите истовремено – брзо и тешко.”

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.