Борците на ИД го потврдиле загинувањето на нивниот водач ал-Багдади

© AFP 2017

Борците на ултрарадикалната сунитска групација Исламска држава (ИД) го потврдија загинувањето на својот челник познат по псевдонимот Абу Бакр ал-Багдади пренесе телевизиајта Al Sumaria, којашто се повикува на локални извори во ирачката покраина Нанива.

Според соговорник на телевизијата, борците на Исламската држава објавиле кусо соопштение во кое соопштиле за смртта на својот водач Аби Бакр ал-Багдади, како и тоа дека многу скоро ќе го објават името на „новиот калиф“.

Пред две седмици ирански медиум објави снимки на кои наводно се потврдува смртта на ал-Багдади.  Во средината на јуни руското министерство за одбрана објави дека кон крајот на мај во напад руската авијација во Сирија покрај 300 борци според некои информации од теренот може бил убиен и водачот на Исламската држава.

На 2 јули телевизијата Al Sumaria, повикувајќи се на извори од властите на ирачката покраина Нинева објави дека милитантите на Исламската држава во Ирак се справиле со имамот кој во текот на молитвата спомнал за наводната смрт на ал-Багдади. Група џихадисти кои се доселиле во местото Тал-Афар, западно од градот Мосул, ги убила имамот Абу Катиб, кој бил во потесното опкружување на челникот на Исламската држава, обвинувајќи го дека „шири забуна“ меѓу приврзаниците на ал-Багдади.