Борел денеска ќе се сретне со Вучиќ и Курти: Да се престане со решавањето кризи и да се оди на нормализирање на односите

Шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел, пред денешната средба во Брисел со српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти, укажа на потребата од запирање на практиката на решавање кризни ситуации, односно да се оди кон нормализација на односите.

– Потребна ни е деескалација на ситуацијата, да го запреме постојаното управување со кризи и да почнеме да напредуваме кон нормализација на односите, напиша синоќа Борел на Твитер.

Тој потсети дека за денеска свикал итен состанок со Вучиќ и Курти во рамки на дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Како што претходно најавија од Европската служба за надворешни работи, Борел денеска од осум часот ќе има одвоени средби со Вучиќ и Курти, по што е предвидена заедничка средба.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.