Борел: ЕУ не е банкоматот на Украина

Поддршката на Европската унија на Украина ќе продолжи, меѓутоа исто така е врзана со неопходната потреба во таа земја да зајакне владеењето на правото и да тргне во борба против корупцијата, изјави восокиот претставник на ЕУ за надворешни работи, Жозеп Борел, по својата прва посета на оваа земја.

Шефот на европската дипломатија престојуваше во Киев во вторникот, а по вреќањето од состанокот со украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеб јасно даде на знаење дека ЕУ „не е ниту добротворна институција, ниту банкомат“.

Во изминатите шест години, откако со превратот поддржан од Запад во Киев беше промената власта која одржуваше тесни врски со Москва, Украина од ЕУ добила поддршка од досега „незабележани“ 14 милијарди евра. Меѓутоа, украинските власти се оправдуваат со граѓанската војна на југоистокот од земјата, со отцепувањето на црноморскиот полуостров Крим и сега со пандемијата на коронавирусот поради што во вториот квартал годинава бруто домашниот производ (БДП) паднал за 11,4 отсто.

„Меѓутоа, не се сите актуелни неволји во Украина поврзани со Covid-19“, напиша Борел на својот блог по посетата на Киев и потсети на сѐ поголемата загриженоста на меѓуинародните партнери и граѓанското општество дека парламентарното мнозинство на претседателот Владимир Зеленски ја загубило волјата за сеопфтано престројување на правосудниот систем и антикорупциските тела.

Првите емсеци на власт, додава Борел, бевме сведоци на „турбо режим“, а паралементот брзо ги усвојуваше реформите кои долго беа на чекање. Но, како што оценуваат голем број набљудувачи, ритамот на реформите забави, вклучително и спроведување на обврските кон ЕУ од Спогодбата за придружување.

„И како што му кажав на претседателот, ЕУ ниту е добротворна институција, ниту е банкомат: најдобро ќе ѝ помогнеме на Украина ако ѝ помогнеме да ги спроде реформите. Но, единствени и само Украинците тоа може да го сторат“, порачува Борел.

ЕУ во јуни потпиша договор со Украина во изност од 1,2 милијарди евра во форма на поволни заеми за да се подобри состојбата на финансиите во земјата и како дополна на помошта од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).