Борел: ЕУ треба да има здравствена незвисност

Европа мора да извлече поука од корона-кризата и да ја гарантира својата стратешка независност во клучните области како што се производство на лекови, залихи, па дури и преместување на производство, рече шефот на европската дипломатија Жосеп Борел.

„Не е нормално Европа да не произведува ниту еден грам парацетамол, а Кина да обезбедува 80 проценти од светското производство на антибиотици“, им рече Борел на неколку европски дневни весници.

„Досега, мислевме дека не е важно каде се произведуваат производите, дека светскиот пазар снабдува се, во секое време и насекаде“, објасни шефот за надворешна политика на ЕУ, додавајќи дека ова се покажало како погрешно во време на криза.

Санитарната криза поврзана со појавата на коронавирусот во Европа ја зголеми побарувачката и предизвика нарушувања на синџирот на снабдување.

Во моментов, 80 проценти од активните супстанции што се користат за лекови во ЕУ доаѓаат од трети земји, особено Индија и Кина, се вели во извештајот за францускиот Сенат за 2018 година од 2018 година.

„Не велам дека секој мора да произведува се, самостојно, но синџирот на снабдување мора да биде пократок и зошто да не има производствени центри во близина. Зошто да не произведуваме дел од нашите потреби во Африка, кој е се поголем корисник на лекови“, предложи тој.

„Пандемијата ја покажа и потребата за стратешко снабдување со медицинска опрема, како што сега постојат стратешки резерви на нафта“, додаде Борел.