Борел и Лајчак со Ковачевски со поглед кон Вучиќ и Курти

Како и да е, средбата на Ковачевски со Борел и Лајчак е во рамки на протоколот пред почетокот на разговорите меѓу Вучиќ и Курти.

Како што соопшти владината прес-служба, на средбата на Ковачевски со Борел и Лајчак била истакната взамената заложба за решавање на сите отворени прашања по пат на дијалог, за што Македонија била посочена како одличен пример.

„Сите досегашни преземени чекори и разрешени прашања по пат на отворен дијалог, обезбедија пред сѐ безбедност и континуиран развој, а Северна Македонија од заробена и изолирана држава денес е фактор на стабилност во регионот, со развиени и негувани добрососедски односи, земја со обезбедени услови за напредок, подобра иднина и подобар животен стандард за граѓаните“, се наведува во соопштението.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.