Борел: Мигрантите не можат да бидат средство за преговарање

Владите на земјите од ЕУ денеска ќе разгледуваат дали ќе обезбедат повеќе пари за бегалците, но нема да прифатат Турција да ги користи мигрантите како средство за преговарање, изјави денеска шефот на европската дипломатија Жозеп Борел.

Тој, пристигнувајќи на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Загреб, истакна пред новинарите дека Турција носи голем товар и ЕУ мора тоа да го разбере.

– Но истовремено, ние не можеме да прифатиме мигрантите да се користат како средство за притисок, нагласи Борел.

Турција минатата недела одлучи да не ги спречува повеќе мигрантите кои сакаат да заминат во земјите на ЕУ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.