Борел на 27 февруари ќе свика состанок на високо ниво за дијалогот меѓу Белград и Приштина

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел на 27 февруари во Брисел ќе свика состанок на високо ниво за дијалогот меѓу Белград и Приштина, соопшти Европската служба за надворешни работи.

Како што се наведува во соопштението, учеството го потврдиле претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Приштина, Албин Курти.

Борел со поддршка на специјалниот претставник на ЕУ, Мирослав Лајчак ќе одржи одвоени средби со лидерите, по што ќе следи заеднички состанок. На состанокот ќе се разговара за предлогот на ЕУ за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина, соопшти Европската служба за надворешни работи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.