Борел: НАТО не е сојуз по нарачка

НАТО не може да биде „сојуз по нарачка“, рече во понеделникот шефот на дипломатија на Европската унија, Жозеп Борел како одговор на изјавите на Доналд Трамп во кои тој ја отвори можноста дека САД нема да ги бранат членките на Алијансата доколку нивниот финансиски придонес е недоволен.

„Да бидеме сериозни! Да бидеме сериози! НАТО не може да биде сојуз по нарачка. Во времето во коешто живееме, воен сојуз не може да функционира според расположението на претседателот на САД, тоа не е: да, не, утре, зависи. Значи, НАТО постои или не постои!“, рече Борел

Додаде дека во текот на претседателската кампања во САД „ќе слушнеме и видиме секакви работи“. „Не сметајте на мене да коментирам за секоја глупост што ќе се слушне за време на претседателската кампања во САД“, рече Борел.

Трамп, раскажувајќи за состанокот со лидерите на НАТО за време на политичкиот митинг во Јужна Каролина во саботата, го цитираше претседателот на една „голема земја“, кого не го именуваше, кој го прашла: „Па, господине, ако не платиме и повторно не напаѓаат Русите – ќе нѐ заштитиш ли?.. Реков: „Не си платил Си припуштил: Одговори: ‘Да, да кажеме дека е така’… Не, не би те заштитил. Всушност, би ги охрабрил да прават што сакаат. Мора да платиш“, рече Трамп, кој е фаворит за републиканската номинација за претседателските избори оваа година.

Додека беше претседател, Трамп го намали американското финансирање на НАТО и, како и неговиот демократски претходник Барак Обама, често се жалеше дека Соединетите држави плаќаат повеќе од нивниот чесен удел за одбраната на колективниот Запад, додека земјите членки не го почитуваат договорот за одделување на над 2 до 3 отсто од својот национален бруто домашен производ за сопствените одбранбени сили.

Џо Бајден жестоко реагираше на неговата изјава.

„Фактот што Доналд Трамп признава дека може да му даде зелено светло на рускиот претседател Владимир Путин за повеќе војни и насилство, да ја продолжи својата брутална војна против Украина и да ја прошири својата агресија во Полска и балтичките земји е вознемирувачки и опасен“, рече Бајден во неделата зборувајќи за хипотетичка ситуација.

Последниот период западните челници и функционери, во обидот да ги привлечат своите јавности за поддршка на продолжувањето на големата воена помош на Украина, зачестено споменуваат фиктивна наводна руска инвазија врз членка земја на НАТО. Рускиот претседател Владимир Путин минатата седмица во интервјуто со американскиот новинар Такер Карлсон јасно порача дека Москваа нема ниту интерес, ниту намера да ги нападне своите сосетки челенки на НАТО – балтичките земји и Полска, како и дека евентуална војна би била единствено можна доколку тие ја нападнат Русија.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во неделата рече дека „секоја сугестија дека сојузниците нема да се бранат меѓусебно ја поткопува нашата безбедност, вклучително и онаа на САД, и ги става американските и европските војници на зголемен ризик“. „НАТО останува подготвен и способен да ги брани сите сојузници. Убеден сум дека САД ќе останат силен и ангажиран сојузник во НАТО, кој и да победи на претседателските избори во САД“, додаде тој.

Кремљ не сакаше да ги коментира изјавите на Трамп. „Јас сè уште сум портпарол на (рускиот претседател Владимир) Путин, а не Трамп“, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.