Борел: Не е добар ден, требаше да отвориме преговори со две земји, но не можеме бидејќи Бугарија блокира

Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Жозеп Борел пред почетокот на Самитот во Брисел изрази незадоволство што во Бугарија нема напредок во врска со отворањето на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија и порача дека тоа покажува оти консензусот е добро решение за носење одлуки во ЕУ, јавува РТС.

„Овој случај уште еднаш покажува дека проблем е консензусот во носењето одлуки. Не можеме да продолжиме понатаму зошто една земја блокира. Денес не е добар ден бидејќи требаше да го отвориме пристапниот процес за две земји, но тоа не можеме да го направиме затоа што една земја го блокира целиот процес. Мораме да ги разгледаме начините на кои работиме“, рече Борел.

Тој укажа и дека сепак има една убава вест, а тоа е напредокот во дијалогот помеѓу Белград и Приштина во врска со енергетиката.

„Тоа е многу важен чекор напред и ќе продолжиме да работиме. Можно е до крајот на месецот да имаме состанок на највисоко ниво“, рече Борел.

Високиот претставник на ЕУ порача дека Унијата мора да направи сè со цел Западен Балкан да стане дел до нејзиниот совет.

„Не смееме да дозволиме европскиот пламен да згасне на Западен Балкан“, рече Борел.

Проблемот што го истакнува Борел околу консензуалното одлучувања односно дека е потребно да се промени ова правило претходните денови во пресрет на Самитот го истакнуваа и претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лајен и германскиот канцелар Олаф Шолц.