Групирањето на руски војници на границата со Украина е дел од притисокот кој Москва го создава за да го добие тоа што го сака, но нема преговори под притисок, тврдеше во четвртокот високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Жозеп Борел
„Добивме гранции дека за ништо нема да се решава и преговоара без Европејците и совршената координација со Американците“, изјави Борел во Брест, град на крајниот северозапад на Франција која претседава со Советот на ЕУ.
Во Брест се одржува неформалниот состанок на министрите за одбрана на земјите членки на ЕУ, а голем дел од таа средба ќе биде посветен на темата кризата околу Украина.
Западот изразува загриженост поради наводно групирање на голем број руски војници на границата со Украина. Русија ги отфрла тие тврдења дека планира инвазија и според неа токму Украина со помош на САД и НАТО се вооружува и трупа војска во областа на раздвојување од доминантно руските самопргласени републик на нејзниот исток. Москва, исто така, истакнува дека само одговара на агресивното и провокативни однесува на НАТО и Киев со трупањето војски и стратешко вооружување на руските граници. Бара и правно обврзувачки договор дека НАТО нема да се шири кон границите на Русија со што ја загрозува нејзината безбедност, и предупредува дека нејзиниот соодветен одоговор ќе ја загрози безбедноста во Европа.
Борел изјави дека на средбата на министрите за одбрана од ЕУ нема да бидат носени одлуки, бидејќи станува збор за неформална средба, но дека на неа ќе бидат размените политичките ставови.
„Ќе разговараме за ставот на Европската унија и ќе донесеме одлука како ќе се соочиме со оваа криза“, рече Борел.
Во четврток и петок во Брест ќе се одржи и состанокот на форматот Gymnich, неформална средба на европските министри за надворешни работи.
Борел ден претходно беше во контакт со холандскиот министер за надворешни работи Вопке Хоекстром кој потоа беше позитивен на тестот на Covid-19. Истакна дека спровел „строги тестирања“ и оти не е позитивен.