Борел оцени дека „попусти“ се обидите да се доведе во прашање договорот меѓу Белград и Приштина

Договорениот договор меѓу Белград и Приштина за нормализација на односите мора да биде имплементиран и залуден е секој обид да се доведе во прашање, изјави во четвртокот шефот на европската дипломатија Жозеп Борел.

„Секој обид да се доведе во прашање тој договор е залуден“, рече Борел по пристигнувањето на самитот на лидерите на Еверопската унија.

„Договорот е постигнат, мораме да го спроведеме и нема простор за избор. Тоа е целина и мора да се имплементира во целост и внимателно ќе следиме кој го спроведува, а кој не“, додаде Борел.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика ги повика лидерите на двете страни „да не вперуваат со прст еден кон друг, туку да го направат својот дел“.

На самитот Борел ги информираше шефовите на држави или влади на ЕУ за резултатите од разговорите меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти за нормализација на односите меѓу двете земји, што се одржаа во саботата во Охрид.

Вучиќ и Курти се сретнаа на 27-ми февруари во Брисел, а по таа средба Борел изјави дека е постигнат договор за основниот договор за нормализација на односите, меѓу Србија и нејзината јужна покраинан Косово и Метохија којашто со поддршка на западните земји предводени од САД и ЕУ во 2008 година еднострано прогласи назависна Република Косово што Белград не ја признава, и додаде дека допрва треба да се договори планот за имплементација на основниот план.

Следеше состанок на 18-ти март во Охрид, по што Борел повторно тврдеше дека е постигнат договор. Меѓутоа, и тој принза дека не се потпишани ниту основниот договор, ниту планот за негова реализација. Според него, наспроти меѓународното право, и овој усмен договор има сила на полноправен договор.

Вучиќ по средбата во Охрид потврди дека е постигнат „некаков договор“, но рече дека ништо не потпишал.

„Денеска требаше да договориме план за имплементација, постигнавме некаков договор, задоволен сум од тоа“, изјави Вучиќ.

Изминативе денови тој постојано потенцираше дека нема намера да ги спроведе сите делови од договорот, особено оној во кој се вели дека нема да го блокира членството на Косово во ОН.

Курти, пак, рече дека постигнатиот договор за основниот договор за нормализација и планот за негово спроведување де факто значи дека Србија го признала Косово, но дека Белград „бега од потпишување на договорот“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.