Борел патува во Иран за да го спаси нуклеарниот договор

Шефот на диплоамтијата на Европската унија, Жозеп Борел, следната седмица ќе допатува во Иран во обидат да го спаси нуклеарниот договор од 2015 година, потврди во неделата иранското минситерство за надворешни работи.

„Борел ќе првпат ќе престојува во Иран во понеделник и исто така ќе се сретне со другите политички челници покрај министерот за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф“, изјави портпаролот на иранската дипломатија, Абас Мусави за иранската новинска агенција IRNA.

Иран од есента минатата 2019 година започна да суспендира делови од нуклеарниот договор со шесте светски сили, чија цел е да се спречи Техеран да дојде до нуклеарни оружје. Иранската страна ги презема овие чекори како одговор на неможноста на водечките земји од ЕУ да ја заштитат економијата на земјата од повторно воведените американски санкции, откако еднострано од договорот во мај 2018 година се повлекоа САД.

Иран постепено се откажува од поедините одредби од договорот, а на почетокот од јануари годинава Техеран ги укина сите ограничувања за збогатувањето ураниум.

Нукеларниот договор со Иран во Виена кон крајот на 2015-та го потпишаа петте постојани членки на Советот за безбеднсот при ОН – САД, Русија, Кина, Велика Британија и Франција, плус Германија во присуствот на Европската унија.