Борел: Руската блокада на украинско жито е еден вид воено злосторство

Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, ја повика Русија да ги деблокира украинските пристаништа и оцени дека руската блокада на извозот на милиони тони украинско жито е еден вид „воено злосторство“.

-Ја повикуваме Русија да ги деблокира украинските пристаништа. Незамисливо е, никој не може ни да замисли дека милиони тони жито се блокирани во Украина додека остатокот од светот гладува, изјави Борел пред новинарите по пристигнувањето на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Луксембург.

Британските медиуми ја пренесуваат неговата оценка дека тоа е „вистинско воено злосторство“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.