Борел со порака: ЕУ е со Србија во овие тешки моменти

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел изјави дека ЕУ е со Србија во вакви тешки моменти по уште една трагедија во која загинаа невини луѓе.

Борел се огласи на Твитер во врска со пукањето што се случи синоќа во околината на Белград, во Младеновац, во кое загинаа осум лица, а 14 беа ранети.

„Уште едно масовно пукање во Србија во кое беа убиени невини луѓе. Ова е шокантна, страшна трагедија, ја чувствуваме болката и стоиме со народот на Србија во овие тешки моменти. ЕУ е со Србија“, напиша Борел на Твитер.

Осум лица загинаа, а 13 се ранети, од кои седум се во критична состојба во престрелката што се случи синоќа кај Младеновац, бидејќи напаѓачот пукал кон нив од автоматско оружје.

Најмладата жртва во престрелката во околината на Младеновац е 14-годишно дете, а убиен е и 20-годишен полицаец, како и неговата сестра.