Борел тврди дека Русија го одбива дијалогот и дека ЕУ мора да преземе натамошни чекори, Москва изненадена

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел изјави во неделата вечерта ден по враќањето од Москва, дека е многу загрижен поради одбивањето на руските власти да воспостават „поконструктивен“ дијалог со Унијата и ги повика европските челници да преземат, „натамошни чекори“, вклучително и можно наметнување нови санкции, на што официјална Москва изрази изненаденост и истакна дека тоа е во спротивност со она што шефот на дипломатијата на ЕУ го зборуввал во текот на својата посета.

„Руските власти не сакаа да ја искористат можноста за поконструктивен дијалог со ЕУ. Тоа е тажно и поради тоа мораме да преземеме натамошни чекори. Земјите членки ќе одлучат за натамошните мерки, и да, тие може да вклучуваат санкции“, напиша Борел на Twitter во неделата ден по враќањето од престојот во Москва.

Министрите за надворешни работи на ЕУ треба да се сретна на 22-ри февраури за да одлучат дали по посетата на Борал на Москва од 4-ти до 6-ти февруари и неговиот разговор со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на 5-ти февруари, во текот на кој Москва го одби барањето на ЕУ да биде ослободен дисидентот Алексеј Навални чија условна казна за проневер беше заменета со ефективна затворска казна сметајќи го случајот за свое внатрешно прашање. Истовремено Русија протера тројца дипломати на земји членки на ЕУ поради нивните објави на социјалните мрежи во врска со случајот Навални и поттикнување на протестите за негово ослободување, оценувајќи дека ги надминале границите на дипломатската служба и меѓународните правила.

Одлуката за воведување на санкциите мора да биде донесена едногласно, на предлог на земји членки, а неколку веќе го најавија тоа. Шефот на дипломатијата на ЕУ не може ништо да предлага, може само да даде препорака, што и го стори со својот извештај ден по враќањето од посетата на Москва.

„Се вратив во Брисел многу загрижен за иднината на развојот на руското општество и за геостратешките одлуки на Русија. Мојата средба со министерот Лавров и пораките кои руските власти ги испратија по повод оваа посега потврдија дека Европа и Русија се оддалечуваат. Се чини дека Русија постепено са одделува од Европа и на демократските вредности гледа како на егзистенцијална закана“, напишал Борел во извештајот.

Доцна ноќта во неделата веднаш по објавата на Борел, се огласи и руското Министерство за надворешни работи кое изрази изненаденост од критиката на Борел кон Русија и порача дека извештајот е спротивен од неговите говори во Москва. Руската дипломатија потсетува притоа дека Борел во текот на својот престој изјави дека постојат области во кои Русија и ЕУ „може и треба да соработуваат“, бидејќи би биле постигнати добри резултати и оти тој се залага за дијалог со Москва „и покрај тешкотиите во односите“

Руската дипломатија во својата реакција истакнува дека „со изненадување се запознавме со оцените на Борел за резултатите од неговата посета, тие се во силен контраст со неговите изјави дадени на прес-конференцијата во Москва“.

„Руската страна ги коментираше резултатите од преговорите на прес-конференцијата во негово присуство, и тој имаше секаква можноста веднаш да даде своја оцена, што тој и го стори“, соопшти руското Министерство за надворешни работи. Притоа додаваат дека „никој не го ограничи (Борел) ниту временски, ниту во форматот“ на давањето оцена.

Во реакцијата, исто така, се наведува дека во Москва претпоставуваат дека Борел дава такви изјави, бидејќи во Брисел можело „да му објаснат како треба да се акцентира“. „Меѓутоа, тогаш тоа само потврдува како и од кого всушност се формира политиката на ЕУ“, заклучува во својата реакција руската дипломатија.