Борел: Војната во Украина може да биде замрзната како онаа во Кореја

Високиот претставник за заедничка надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Жозеп Борек, смета дека војната меѓу Русија и Украина „можеби нема да се заврши, туку ќе биде замрзната како војната во Украина“ од пред 70 години.

„Во Кореја двете страни постигнаа примирје и прекин на војната воспоставувајќи линија на раздвојување. Тоа би можело да биде излез од овој конфликт“, смета Борел кој е и потпретседател на Европската комисија.

Ваквата перцепција во врска со украинската војна од страна на шефот на дипломатијата била искажана во Барселона, каде што во петокот учествувал на настанот „Глобални кризи, европски одговори“ во организација на локалниот Центар за меѓународни односи, известува водечкиот каталонски дневен весник La Vanguardia.

„Украина и Русија би требало да се повлечат од своите сегашни позиции за да се дојде до сценариото како она во Кореја“, рекол Борел, а тоа би значело дека Киев и Москва би требало да престанат да бараат, браната или освојуваат територии.

Корејската војна во 1953 година е завршена без мировен договор, со договор за примирје кое сѐ уште е на сила, кое го потпишале Северна Кореја и САД како застапник и сојузник на Јужна Кореја. Со договорот за примирје запрени се воените дејствија, и тој треба да претставува основа за иден дефинитивен мировен договор, што до денес не е остварено. Со договорот е воспоставена ткн Демилитаризирана зона меѓу двете земји, во која нема разместени воени единици или опрема.

„Но прерано е да се размислува за (мировни) преговори. Сега мораме да се сосредоточиме на избегнување на разорувањата“, додал Борел кој смета и дека „сега не е моментот двете страни да бидат седнати на преговарачката маса“, како што ниту не е моментот „ за вложувања напори во обновата на земјата“.

Борел рекол дека нема намера да биде предводник во мировните преговори, бидејќи, како што тврди, Русија не ја прифаќа Европската унија како посредник.

„(Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј) Лавров секогаш попрво разговара директно со министрите за надворешни работи на земјите членки на РУ, отколку со мене“, рекол Борел.

Сепак, Борел споменал дека 27-члениот европски блок мора да биде присутен на преговарачката маса, бидејќи „нашите санкции се клучниот елемент во какви и да се преговори и бидејќи безбедноста на Европа е наша безбедност“.

Војната во Украина која трае девет месеци, на која ЕУ одговори со санкции без преседан против Русија, предизвика поскапувања на цената на храната, струјата и енергенсите со што се погодени милиони луѓе и на континентот и во светот.

„Потребно е да се најде решение за проблемите коишто ги создава војната. Не смееме да се замориме. (Рускиот претседател, Владимор) Путин смета дека демократските општества се слаби поради постојаните дискусии коишто се водат. Тој очекува дека јавноста ќе побара завршување на војната“, тврдел Борел.

Борел рекол дека неговата задача е да им укаже на неутралните земји во светот дека “Русија е негативецот, а не санкциите на ЕУ. Во групата неутрални земји кои Борел ги означува како „Global South“, наспроти рускиот назив „колективен Запад“, повеќе се јужните водечки земји Кина, Индија и Пакистан, речиси сите земји во Африка и Јужна Америка, и мнозинството земји на Блискиот исток и Азија.

„Бараат од мене да ја запреме војната. Знам како да ја запреме: прекинувајќи ги испораките на оружје на Украина. Но кога би ги запреле испораките, какви би бил последиците? Доколку победи Русија во ова воја, ќе оди на следната цел“, заклучил Борел без да даде докази за своето тврдење.

Борел, Каталонец член на каталонски политичар и поранешен министер за надворешни работи на Шпанија од Шпанската социјалистичка работничка партија (PSEO), инсистира на дополнително вооружува на земјите членки на ЕУ.

„Европа мора да почне да се вооружува доколку сака да остане на висина на задачата“, рекол Борел додавајќи дека земјите членки на ЕУ мора меѓусебно да се договорат која ќе го набавува кое оружје за да не се „поклопуваат“.

„Мора да се признае таа динамика не може да продолжи бесконечно и потребно е да се изгради систем кој би ја гарантирал безбедноста во Европа“, додал Борел

Тврдел и дека актуелниот посредник во судирот Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) не функционира. Но оваа организација, всушност, беше посредник и набљудувач според мировните договори од Минск од 2014-та и 2015 година, но во однос на примирјето кое тогаш со посредство на Русија, Германија и Франција плус претставници на Украина (ткн Нормандиска четворка) го склучија во текот на украинската граѓанска војна новите власти во Киев и одметнатите проруски југоисточни региони Доњецк и Луганск по превратот од март 2014 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.