Борис Бекер ги продава своите лични работи вредни 20.000 фунти

Легендарниот германски тенисер Борис Бекер (51) за да излезе од финансиска криза  реши да ги стави на распродажба личните работи, сувенири, како и трофеите што ги освои во текот на кариерата, во вкупна вредност од 200.000 фунти.

Како што објавија медиумите во Велика Британија, тој сака да собере средства за да ги плати долговите.

На наддавање ќе бидат ставени реплики на пехарите од Вимблдон, од Ју-Ес опен и од Дејвис купот, разни медали и парчиња гардероба. Меѓутоа и рекети, рачни часовници, маички, па дури и чорапи.

Аукцијата е во тек, ќе трае до 11 јули и на неа може да се учествува преку интернет.

Бекер, кој во кариерата освои шест гренслем турнири, беше принуден да прогласи банкрот во 2017 година. Аукцијата за продажба на неговите работи беше организирана и закажана и претходно, но беше одложена бидејќи тој во судска постапка се повика на дипломатски имунитет како аташе за спорт и за култура на Централноафриканската Република.