Борис Џонсон нема да поднесе оставка

Британскиот премиер Борис Џонсон нема намера да поднесе оставка, изјави денеска британскиот министер задолжен за координација на планирањето на Брегзит без договор Мајкл Гоув.

Изјавата доаѓа како одговор на шпекулациите дека Џонсон би можел да поднесе оставка со цел да дојде до предвремени парламентарни избори.

– Мислам дека премиерот нема намера да поднесе оставка. Тој е избран на изборот за лидер на партијата, на кој и јас учествував. Тој ги освои тие избори, потенцира Гоув.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.