Борис Џонсон покани три милиони жители на Хонг Конг во Велика Британија

Истата Британија за која една од главните рчки за раскинување со ЕУ беа мигрантите и одбивањето на островот да помогне во справување со истите, сега инстантно се отвори за да им излезе во пресрет на милиони жители на Хонг Kонг чии слободи се под закана од Пекинг.

„Голем број жители на Хонг Kонг се плашат дека нивниот начин на живот, кој Кина се обврза дека ќе го задржи, е под закана.

Ако Кина продолжи да ги оправдува нивните стравови, тогаш Британија не може со чиста свест да ги крене рамениците и да си замине; наместо тоа ние ќе ги почитуваме нашите обврски и ќе обезбедиме алтернатива“, порачал Џонсон.

Првичниот план опфаќаше 300.000 жители на Хонг Kонг кои имаат БНО пасоши (British National Overseas passports), и кои и сега имаат право без никакви дополнителни процедури 6 месеци да престојуваат во Британија. Сега за овие 3 милиони е предвидена посебна процедура за полесно добивање државјанство или траен престој во Британија.

Иако ништо од овие закани нема ни најмалку да ја растревожи Кина, прво, не дека немаат од каде да надоместат 3 милиони луѓе, второ, одамна не трзаат на вакви закани, вака остриот став кон Кина ќе му заврши сериозна работа на Џонсон меѓу неговите колеги во Конзервативната партија.