Борис Џонсон се враќа во Британија за да се обиде да ја добие старата позиција

Борис Џонсон лета назад во Велика Британија бидејќи размислува за смел обид да освои втор премиерски мандат само неколку седмици откако беше принуден да отстапи од должноста, а некои колеги предупредуваат дека неговото враќање би можело да создаде уште поголеми политички хаос.

Потенцијалните кандидати за нови британски премиер откако Лиз Трас драматично поднесе оставка во четвртокот по само шест седмици на власт, почнаа да лобираат за во текот на викендот да обезбедат доволни номинации за влез во трката за челник на владејачката Конзервативна партија и следствено премиерската должност пред да истече рокот во понеделник.

Џонсон, кој беше на одмор на Карибите во моментот кога Трас поднесе оставка и ништо јавно не рече за тоа дали сакаа да се врати на својата стара работа, добил поддршка од десетина конзервативни пратеници, но мода да обезбеди стотина гласови, колку што се потребни за учество во трката за нов премиер.

Министерот за трговија Џејмс Дадриџ изјави во петокот дека Џонсон потврдил дека е подготвени и дека поранешниот челник ќе се врати во Британија во саботата.

Џонсон бил исвиркан од некои патници во авионот со кој патувал за Велика Британија, според новинарот Sky News кој бил на летот.

Тоа би претставувало исклучително политичко воскресение за поранешниот новинар, лондонски градоначалник во два мандата, кој ја напушти премиерската должност проследен со скандал, но приговарајќи дека неговите колеги „го променија правилата на половина од трката“, што претставуваше критика на сметка на конзервативните пратеници кои не му дозволија да го одработи целиот мандат.

Поранешната министерка за одбрана Пени Мордонт беше првата кандидатка којашто официјално објави дека има намера да се кандидира за следната лидерка на Конзервативната партија, но Борис Џонсон и Риши Сунка, своевремено негов министер за финансии, ги предводат потенцијалните кандидати во пресрет на гласањето следната седмица.

Можното враќање на Џонсон во владата за многумина во Конзервативната партија е поларизирачко прашање. А партијата притоа е длабоко поделена откако во шест години смени четири премиери. За некои конзервативни пратеници Џонсон е „победник“ за гласањето, а за други тој е „токсичен“ и прашање е дали може да убеди десетици пратеници кои го напуштија дека тој сега е личноста која може да ја обедини партијата.

 

Спирала на смртта

Поранешниот водач на конзервативците Вилијам Хејг изјави во петокот дека враќањето на Џонсон веројатно е најлошата идеја којашто ја слушнал во речиси половина век како член на партијата. Рече дека тоа би довело до „спиралата на смртта“ за конзервативците.

Доколку Џонстон успее да осигури потребен број номинации, веројатно ќе се соочи со Сунак, кој поднесе оставка на местото негов министер за финансии во јули, тврдејќи дека неговиот поранешен шеф не бил во состојба да носи тешки одлуки.

Сунак е првиот кандидат за водство кој го достигна прагот од стотина номинации за влегување во трката пред истекот на рокот во понеделник, според британските медиуми. Џонсон моментално има околу половина од таквата поддршка, според истите извори.

Џонсон во моментов е под истрага на парламентарниот Комитет за привилегии за да се утврди дали лажел пред Долниот дом на парламентот во врска со забавите во Даунинг стрит со кои се кршеа карантинот во земјата воведени поради коронавирусот. Доколку се утврди дека министрите свесно го мамеле парламентот, се очекува дека ќе поднесе оставки.

Трката за четвртиот британски премиер во четири години забрзана е за да трае само една седмица. Според правилата, само три кандидата ќе може да дојдат до првиот круг на гласањето на пратениците во понеделникот попладнето, а до следниот петок кој ќе биде нов премиер.