Борис Џонсон тајно опериран

Британскиот премиер Борис Џонсон бил подложен на „многу лесна рутинска операција, поврзана со синусите“, во лондонска болница во понеделникот утрото, соопшти службата за односи со јавноста на Даунинг стрит.

Џонсон бил во болница во Лондон околу 6 часот утрото, а неговата операција била прва за лекарскиот тим.

„Во Даунинг стрит се врати малку по 10 часот“, соопшти британската влада. Операцијата била планирана, но не се споменува името на конкретната болница во која е извршена.

Запрашан за состојбата на премиерот, портпаролот објаснил дека со него не разговарал од враќањето во Даунинг стрит, но додал дека Џонсон се одмарал дома.

Премиерот ќе се врати на работа во зависност од неговата состојба, но неговиот портпарол рекол дека Џонсон планирал да претседава со состанокот на владата во вторникот претпладне.

На прашањето кој е одговорен за „нуклеарниот кофер“ на Обединетото Кралство за време на ваквите постапки, портпаролот рекол дека дека заменик-премиерот Доминик Рааб и секретарот на кабинетот Сајмон Кејс однапред биле запознаени со операцијата и дека „Џонсон накратко бил под анестезија“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.