Борис Џонсон во изолација по контакт со носител на коронавирусот

Британскиот премиер Борис Џонсон е во изолација откако бил во контакт со лице заразено со новиот коронавирус, соопштија во неделата од Даунинг стрит.

„Да, премиерот оди во самоизолација по контакт со лице заразено со коронавирусот“, потврдиле за повеќе агенции од кабинетот на Џонсон и додале дека британскиот премиер се чувствува „добро“ и оти нема „никакви симптоми“ на болеста.

Контактот со заразениот со коронавирусот SARS-CoV-2 бил октириен со помош на системот „NHS Test and Trace“, истакнал портпаролот на Џонсон.

„Тој ќе продолжи да работи од Даунинг стрит, вклучително и во водењето на владата во справувањето со пандемијата на коронавирусот“, се наведува во писмената изјава од Даунинг стрит.

Како што е наведено во изјавата, Џонсон на 12-ти ноември се сретнал со група пратеници во Даунинг стрит, во којашто бил и Ли Андерсон, кој подоцна развил симптоми на Covid-19. Неговиот тест подоцна бил позитивен.

Џонсон кој крајот на март беше инфициран со коронавирусот по што се повлече во самоизолација. Сепак, вечерта на 5-ти април беше итно хоспитализиран по препорака на неговиот лекар, како мерка на претпазливост откако кај него се појавиле симптоми на потешка форма на Covid-19. Следниот ден британскиот премиер беше префрлен на оддел за интензивна нега, на 9-ти април вратен на одделението, а на 12-ти април беше отпуштен од болницата. По излегувањето од болницата, Џонсон закрепнуваше во резиденцијата Чекерс.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.