Борисов доби орден за независноста на Косово

Косовскиот претседател Хашим Тачи му додели на премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, Орден за независност за неговите заслуги за слободата и независноста на земјата.

Овој орден е за лични заслуги и личен ангажман во поддршка на Косово, за заслугите на бугарскиот народ за развојот на пријателските односи меѓу двете земји, за престојниот состанок во Софија. Знаеме дека Бугарите ќе не сретнат насекаде и насекаде ќе го почувствуваме бугарскиот дух – рече претседателот на најмладата балканска држава, Хашим Тачи.

Висока државна награда се предава по повод десетгодишнината од прогласувањето на независноста на Косово, објави владината прес-служба.

Го прифаќам ореднот како знак кон бугарскиот народ, кој страдаше во војната, но отсекогаш ја поддржувал борбата за слобода, независност, демократија, мир и просперитет на целиот регион“, рече премиерот Бојко Борисов, цитиран од бугарска „Нова“.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.