Борисов: Фотографиите од мојата спална соба се земени со методи на КГБ

Бугарскиот премиер Бојко Борисов во интервју за германскиот весник Frankfurter Allgemeine Zeitung (FAZ) истакнува дека  наводно бил цел на напади поради неговата борба против олигарсите, неговиот успех во борбата против шверцот со тутун, набавката на американсктие ловци од типот „F-16“, како и желбата за снабдувањето со гас на Бугарија.

Борисов истакнува дека во Бугарија подолг период постои „црн пазар за компромитирачки материјали“, а неговите противници се обидуваат да го оцрнат пред изборите.

„Фотографиите од мојата спална соба се инсценирани и компромитирачки материјал заснован на учебник од КГБ. Олигархијата ме напаѓа затоа што Бугарија влезе во чекалната за еврото и банкарската унија и тие не можат да го користат банкарскиот систем на земјата како порано“, истакна Борисов одговарајќи на првото прашање од интервјуто за наводните фотографии од неговата спалната соба.

Борисов во обидот да го поправи својот имиџ прад западните сојузници објаснува дека фотографиите се појавија по приемот на Бугарија во еврозоната и банкарската унија, што предизвика незадоволство кај „олигарсите во Бугарија“, кои сега не можат да го заобиколат бугарскиот банкарски систем бидејќи контролата е на „европско ниво“.

Бугарскиот премиер, зад кого исто така стојат неколку моќни олигарси кои со децении штетдро на финасираат неговата партија ГЕРБ, ја спомна и акцијата против нелегалната фабрика за цигари во Пловдив, истакнувајќи дека шверцот со тутун носи стотици милиони евра

Борисов посочува дека не зборува случајно за КГБ, односно поранешната тајна советска служба, во обидот да алудира на Русија и на западните сојузници да им се претстави како наводна жртва на Москва која има најлоши односи со Западот од крајот на идеолошката Студена војна и каде што е демонизирана.

„Не случајно зборувам за методите на КГБ. Некои од моите противници кои работат за претседателот Румен Радев се поранешни тајни агенти, луѓе од овие кругови или деца на големи шпиони, офицери од руската воена разузнавачка служба“, тврди Борисов.

Меѓутоа, наспроти ваквите тврдења, во бугарската јавност одамна во оптек се тврдењата дека Борисов со некои свои намерни погрешни постапки суптилно ѝ овозможил на руската страна големи суми од Бугарија.

Додава дека како секој човек има љубовен живот,.

„Дали имам љубовен живот? Секако дека имам… Јас сум човек и ништо човечко не ми е туѓо… По тоа што се случи, не сакам повеќе да видам жена“, наведе Борисов.

Во разговорот, исто така, го коментира извештајот на Европска комисија и резолуцијата на Европскиот парламент за владеењето на правото и корупцијата во Бугарија. Според него, извештајот е објективен, но резолуцијата е политичка и резултат на напорите на политичките сили на неговите противници.

Борисов се осврна и на неодамнешните протестиво Бугарија на кои се бараше негова оставка.

„Јас секогаш зборував со почит кон демонстрантите. Исто така ова лето. Откако станав премиер, секогаш се среќавав со демонстрантите – наставници, лекари“, истакнуваа Борисов.