Борисов им забрани на министрите да се мешаат и да ги коментираат конфликтите меѓу другите институции

Ви забранувам да се мешате и да ги коментирате конфликтите меѓу другите институции, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов, обраќајќи им се на министрите пред седницата на Министерскиот совет (владата), пренесе БГНЕС.

Во Бугарија во моментов има сериозен судир меѓу Државното обвинителство и шефот на државата Румен Радев, при што обвинителството денеска ја информира јавноста дека ги прекинува сите контакти со шефот на државата, освен писмената кореспонденција. Радев денеска изјави дека тој и неговото семејство се цел на „навредливи напади“ од државното обвинителство.

– Можат да се обидат да кажат дека и ние сме една од страните. Ние не сме никаква страна, ние си ја гледаме нашата институција. Единствено кај претседателот сум реагирал затоа што ми е префрлено дека не сум отишол на консултации, иако не сум бил поканет, а на средбата отиде колегата Дончев. Ако некој си мисли дека може да ми ги поканува министрите без да ме информира мене, тоа е тенденциозно и неправилно. Нема ниту еден случај претседателот Радев да ми побарал средба со министри, а јас да сум одбил, но да не ме поканиш, а да ми викаш луѓе… За другите теми ние не учествуваме и не заземаме однос на ниту еден начин. Тоа не е наша работа, да ви е јасно – рече Борисов.

„Во врска со темата за Еврозоната, тој изјави дека кога си во Еврозоната не можеш да си од државите кои возат во втора бризина. Во заедничкото европско семејство, заедничките финансии се за тоа кој колку троши, зошто троши. Сите во заедничкиот банкарски сојуз сакаат да знааат каква е состојбата на бугарските банки. Тоа е целта. Чудовишни нешта слушнав“, рече Борисов.

– Му наредив на Горанов да ги покани директорот на БНБ Радев, Менда Стојанова, од финансиската комисија и од другите партии, донесете едно решение за сите стравувања што опозицијата се обидува да ги всади. За да не кажат потоа дека двајца – Горанов и директорот на БНБ Радев сами можат да донесат ваква одлука – објасни Борисов.