11.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Борисов излезе од притвор: Ова е одвратно, брутално, нè вратија во комунизмот (ВИДЕО)

Поранешниот премиер на Бугарија, Бојко Борисов беше пуштен од притвор откако вчера беше приведен поради наводни уцени кои ги направил во период од 2014 до 2019 година.

Борисов беше пречекан на улица од неговите поддржувачи, по што даде кратка изјава за бугарските медиуми.

-Ова е одвратно, брутално, нè вратија во комунизмот. Синоќа вечеравме со децата, кога влегоа униформирани лица и ми ја претресоа куќата, кажа Борисов.