Борисов упорен дека нема да ја води следната бугарска влада

Долгогодишниот бугарски премиер Бојко Борисов во средата убедуваше дека нема да биде кандидат за шеф на следната влада, откако неговата партија ГЕРБ на изборите освои повторно најмногу пратеници, но не и доволно за да формира парламентарно мнозинство.

ГЕРБ, која ја водеше Бугарија изминатата деценија, на изборите заагуби петтина од пратениците, што заедно со појавата на новите партии доведе до силно фрагментирање на Националното собрание.

Борисов изјави дека партијата ќе одржува преговори со другите политички групации за да се обиде да добие доволна поддршка за формирање влада, како и дека ќе предложи друг кандидат за премиер.

„Мислам дека не е правилно да се прават поделби во нацијата, па ќе предложам друг премиер, со многу јасна европска и НАТО ориентација“, изјави 61-годишниот Бориусов во текот на посетата на Велико Трново.

Засега Борисов не открива која личност бо можела да биде кандидат за премиер, но истакна дека Бугарија сега има потреба од национално единство поради пандемијата на коронавирусот и економските последици кои таа ги предизвика.

Петтер други партии кои обезбедија пратенички мандати во бугарскиот парламент досега ги одбиваа повиците на Борисов за формирање технократска влада. Доколку ГЕРБ не успее во овие напори, шансата ќе ја добие партијата Има таков народ, на шоуменот Слави Трифонов.