Борисов уверува дека не го интересира претседателската функција

Поранешниот премиер на Бугарија и лидер на ГЕРБ, Бојко Борисов, за време на посетата на Перперикон коментираше дека никогаш не бил заинтересиран за претседателската функција.

Борисов додаде дека неговата партија наскоро ќе го објави својот претседателски кандидат. Најверојатно ГЕРБ повторно ќе учествува на претседателските избори во коалиција со СДС.

„Најдобро би било да има заедничка кандидатура на претседателска двојка од демократската заедница против диктатурата на (претседателот Румен) Радев“, оцени Борисов

Претходно во саботата Радев најави дека ќе го распушти 46-то Народно собрание што е можно поскоро во согласност со процедурата и Уставот.

Со тоа, претседателските и предвремените парламентарни избори во Бугарија ќе се одржат на 14 ноември. Според Радев, изборите во формат „2 во 1“ ќе заштедат државни трошоци и време на гласачите. Следните парламентарни избори во Бугарија ќе бидат третите парламентарни по ред во оваа 2021 година.

Радев рече дека е жесток поддржувач на надпартискиот договор и ќе смета на поддршката од сите угледни бугарски граѓани.
Рече и дека поддржува поединци, а не партии и дека не овластува никого да зборува во негово име.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.