Борисов: Војната на ѕвездите ќе започне ако во Вселента се најдат Бугарин и Северномакедонец

Поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов, лидерот на ГЕРБ имаше обид да иронизира со изјавата на неговиот политички противник Слави Трифонов, велеjќи дека неговата партија за разлика од „Има таков народ“ не се занимава само со НАСА и астронаути.

„Замислете дека Бугарин и Северномакедонец се наоѓаат во Вселената. Така започнува Војна на ѕвездите. Вонземјанин ќе ги види и ќе ги праша: „Кои сте вие?” „Јас сум Бугарин“, „Јас сум Северномакедонец“, коментираше Борисов на прес-конференцијата во понеделникот.

Неговиот коментар се однесува на изјавата на Трифонов, дадена претходно дека  новата влада на ИТН ќе поднесе барање за членство на Бугарија во Европската вселенска агенција(ESA), затоа што Бугарија не членува само уште таму.

„Ќе направиме се што е возможно да испратиме маж и жена кои ќе бидат првите бугарски астронаути во НАСА. Ќе направиме што е можно кон нив да се приклучи и еден северномакедонски астронаут“, рече Трифонов.