Борозан суспендиран за еден меч, Дибиров казнет со три илјади евра

185

Дисциплинската комисија на ЕХФ го суспендираше ракометарот на Вардар Вуко Борозан со еден меч, па така тој нема да може да настапи на следниот меч викендов против Мешков Брест во Лигата на шампионите.

ЕХФ дополнително го казни црногорскиот ракометар за грубиот старт врз Јурецки и црвениот картон на мечот против Кјелце.

Тимур Дибиров, пак, е казнет парично со три илјади евра за средниот прст кој  ѝ го покажа на публиката во Полска.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.