Борусија ја наполни мрежата на Селтик во ЛШ, убедливи изданија и на Барса, Интер и Сити

По Баерн кој во првото коло го совлада Динамо со 9-2, уште еден германски тим се погрижи за антологиска победа во Лигата на шампионите.

Борусија Дортмунд пред своите навивачи го совлада Селтик со 7-1 и потврди дека ланскиот пласман во финалето од елитното натпреварување не било случајно. Прва ѕвезда на вечерта беше Карим Адејеми кој постигна хет-трик во првото полувреме и којзнае до каде ќе стигнеше ако не се повредеше на стартот од вториот дел поради што мораше да го напушти теренот.

По само 11 минути игра, резултатот беше 2-1 и се чинеше дека ќе се води голема борба. Сепак, до крајот на полувремето Борусија постигна уште три гола, а во продолжението уште два со тоа што покрај Адејеми, се истакна и Гираси со два гола. Останатите два беа дело на Џан и Нмеча.

И Црвена Звезда доживеа убедлив пораз на гостувањето кај Интер, но вината за дебаклот од 0-4 треба да го бара во своите редови. Српскиот првак беше рамноправен според статистичките параметри, но сите четири гола му ги подари на противникот. При првиот гол киксираше голманот Глазер, при вториот Круниќ, при третиот Спајиќ, а при последниот Дркушиќ кој несмасно стартуваше врз Лаутаро Мартинез и направи пенал. Головите за Интер ги постигнаа Чалханоглу, Арнаутовиќ, Лаутаро и Тареми.

Во еден од дерби дуелите на вечерта, Арсенал го совлада ПСЖ со 2-0, благодарение на двата гола во првото полувреме. Стрелци беа Хаверц и Сака за прва победа на „топчиите“ оваа сезона во Лигата на шампионите. Милан се уште е без бодови откако загуби и на гости кај Баер со 0-1. Стрелец на единствениот погодок беше Бонифас.

РЕЗУЛТАТИ
Арсенал – ПСЖ 2-0
Барселона – Јанг Бојс 5-0
Баер – Милан 1-0
Борусија – Селтик 7-1
Интер – Црвена Звезда 4-0
ПСВ – Спортинг 1-1
Слован – Манчестер Сити 0-4