Борусија Д изненаден дома од Келн, гостинска победа на Баерн

Фудбалерите на Келн го изнанадија во саботата во деветтото коло фаворизираниот домаќин Борусија Дортмунд остварувајќи ја својата прва победа сезонава, додека нејзините ривали за врвот на табелата минхенски Баерн и РБ Лајпциг забележаа победи.

Келн во ткн мало дерби на Рур со 2:1 славеше во Дортминд, благодарејќи на погодоците на Тунижанецот Елијес Скири во 9 и 60 минута, додека Борусија успеа само да намали преку Торган Азар во 74 минута.

Борусија Дортминд остана на 18 бодови, четири помалку од водечкиот Баерн Минхен, а има ист број бодови како и четвртопласираниот Баер Леверкузен кој има и меч помалку. Келн, пак, сега дојде до шест бодови и моментални е на 15-то место, едно над опасната зона.

РБ Лајпциг на домашен терен со головите на Анхелињо во 29 и Кристиофер Нкукуи во 47 минута ја победи Арминија за која стрелец во 75 минута беше Габиојан Клос.

Лајпциг со победата ја задржа втората позиција на табелата со 20 бодови, два помалку до Баерн, а Арминија остана на четири бодови и е претпоследна 17-та.

Бранителот на тутулата минхенски Баерн со 3:1 славеше на гостувањето кај Штутгарт, иако домашните поведоа во 20 минута со голот на Тангуи Кулибали. Баварците до крајот на полувремето направија резултатски пресврт со погодоците на Кингсли Куман во 38 минута и Роберт Левандовски во 45 минута, а победата ја потврди во 87 минута Даглас Коста.

Баерн се одржува на врвот со 22 бодови, а Штутгарт е на десеттото место со 11 бодови.

Аугсбург и Фрајбург одиграа без победник 1:1. Гостите поведоа во 64 минута со голот на Винченцо Грифо, а израмни во 80 минута Рубен Варгас. Аугсбург е осми со 12 бодови, а Фрајбург е 14-ти со седум бодови.

Ремизираа и Унион Берлин и Ајнтрах Франкфурт во најинтерестниот натпревар во кој беа постигнати шест погодоци. Домашните поведоа со 2:0 по само шест минути игра, но на крајот спасуваа бод. Стрелци за Унион беа Роберт Андијх во 2 и Макс Крузе во 6 од пенал и во 82 минута. За Ајнтрахт прво израмнување донесе Анде Силва со погодоците во 27 и 36 минута, а пресвртот го направи Бас Дост во 79 минута.

Унион Берлин е шести на табелата со 16 бодови, додека Ајнтрахт има четири бодови помалку и е деветти.

Во последниот саботен натпревар Борусија Менхенгадбах го потопи Шалке со 4:1, продолжувајќи ја агонијата на овој клуб кој нема првенствена победа веќе 25 последователни кола во германскиот шампионат.

За Борусија М стрелци беа Флоријан Нојхаус во 15, Оскар Венд во 36, Маркус Турам во 52 и Ханес Волф во 80 минута, додека гостите израмнија само привремено во 20 минута.

Борусија Менхегнадбах моментално со 15 бодови е на седмото место, додека Шалке со само три бода и натаму е на самото дно на табелата.