Фудбалерите на Борусија од Дортмунд во првиот натпревар од 22-то коло на германската првенство на свој терен со 4:0 го совладаа Ајнтрахт од Франкфурт.
Погодоците а за „Милионерите“ ги постигнаа Лукас Пишчек во 3, Џејдон Санчо во 49, Ерлинг Хааланд во 54 и Рафаел Гвереиро во 74 минута.
Со оваа победа Борусија стаса на втората позиција на табелата со 42 бодови, колку што има и третиот РБ Лајпциг, но со меч помалку, а водечкиот Баерн Минхен има 43 бодови, исто така, со натпревар помалку. Ајнтрахт сега е деветти со 28 бодови.