Борусија Д во второто полувреме го торпедираше Падеборн

Во неделните натпревари од 29-то коло на германската Бундеслига двата фаворите постигнаа убедливи победи, прво Борусија од Менхенгладбах дома со 4:1 го надигра Унион Берлин, а потоа Борисија од Дортмунд како гостин со 6:1 го совлада последниот Падеборн.

Во Менхенгладбах домашните поведоа во 17 минута со голот на Флориан Нојхаус. Во 41 минута францускиот напаѓач Маркус Турам го постигна првиот од своите два погодока и го удвои водството на Борусија. На почетокот од првото полувреме, во 50 минута Унион Берлин го намали заостанувањето преку Швеѓанецот Свеастијна Андерсон, но надежите на гостите за кусо ги разби Турам со вториот погодок во 59 минута. Победта на домашните ја потврди Алесан Плеа во 81 минута.

Менхенгалдсја Борусија со оваа победа се искачи на третото место со 56 бодови, колку што има и четвртопласираниот Баер Леверкизен, а Унион Берлин со 31 бод е 14-ти со четири бодиви над зоната на испаѓање.

Во Падеборн сите голови беа постигнати во второто полувреме. Гостите од Дортмунд со двата брзи гола на Торген Азар и Џејдон Санчо во 54 и 57 минтуа стаса до предност, а наджите на домашните накусо ги врати Уве Хумнејер во 72 минута од пенал. Но само две минути подоцна Санчо со својот втор гол ја „одлепи“ Борусија, а пота стралци за гостите беа Ашраф Хакими во 85 и Марсел Шмицер во 89 минута. Санчо одличната игра ја круниса со хет-трик откако погоди и во втората минута од судиското продолжение.

Борусија Дормунт сега има 60 бодови и повторно е седум бодови „покуса“ од водечкиот Баерн Минхен, а Падеборн речиси е без шанси за опстанок, на дното е со 19 бодови.