Борусија Дортмунд во финалето на Германскиот куп

19

Борусија Дортмунд го порази во полуфиналето од Германскиот куп со 5:0 второлигашот Холштејн Кил и стаса до финалето каде што ќе се сретне со РБ Лајпциг.

Фудбалерите на Борусија погодија четири пат за 16 минути во првото полувреме, а двапати стрелец беше Аериканецот Џовани Рејна, додека најдобриот стрелец  Норвежанецот Ерлинг Халанд одмораше поради повреда на мускулот,.

Во 16 минута Рејна го отвори резултатот а во 23 минута го удвои водството на клубот од Дортмунд. Капитенот Марко Ројс постигна погодок во 26 минута, а Торган Хазард погоди во 32 минута, па Борусија во само 16 минути го „торпедираше“ Кил, кој во второто коло го елиминираше шампионот и бранителот на титулата во купот, минхенски Баерн. Англичанецот Џад Белингам во 42 минута зголеми за конечните 5:0.

Борусија Дортмунд, кој последниот пат го освои националниот куп во 2017 година, ќе се соочи со РБ Лајпциг кој во петокот во продолженијата го елиминираше Вердер од Бремен, на берлинскиот „Олимписки стадион“ на 13-ти мај,

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.