Борусија М. без голови со Шалке 04

Во последниот натпревае од саботната програма од првото коло на германското фудбалско првенство Борусија Менхенгалдбах и Шалке 04 одиргаа 0:0.

Волфсбург со 2:1 дома го победи Келн. Волфсбург поведе со 2:0 со головите на Арнолг во 16 и Вегорст во 60 минута, а Тероде намали во првата минута од судиското продолжение.

Баер Леверкузен пред своите навивачи со 3:2 го победи Падеборн. Баер во првото полувреме двапати доаѓаше во водство прекуи Бејли во 10 и Хаверц во 19 минута, но новиот прволигап се враќаше во игра со головите на Мишел во 15 и Мамбе во 25 минута, а во второто полувреме домашните третпат дојдоа во водство во 69 минута преку Воланд, и овојпат успеа да ја сочува предноста.

Фортина забележа гостинска победа од 3:1 кај Вердер. Стрелец за домашните беше Егештејбн во 47, а за гостите погодја Хенингас во 36, Караман во 52 и Ајхан во 64 минута.

Фрајбург беше убедлив со 3:0 дома против Мајнц 05. Но домашните победата ја остварија во последните десет минути од мечот, преку Хелер во 81, Шмид во 84 и Валдшмид во 87 минута од пенал.

Во првиот дуел во саботата вицепрвакот Борусија Дормунф со 5:1 го совлада Аугсбург, а во петокот бранителот на титулата Баерн Минхен ремизираше 2:2 на својот терен со берлинска Херта.

Во недела на програмата се натпреварите Ајнтрахт – Хофенјхајм и Унион Берлин – РБ Лајпциг.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.