Борусија М не отстапува од водечката позиција во Бундеслигата

Фудбалерите на Борусија Менхенгалдбах и натами се на првото место во Бундеслигата откако во 11-то коло на германското првенство на домашен терен славеа против Вердер со 3:1

Погодоците за домашните ги постигнаа Рами Бенсебаини во 20 минута, а во 23 и во 59 минута погоди и Патрик Херман. Борусија остана со играч помалку во 87 минута кога од игра беше исклучен стрелецот Бенсебаини, по што во третата минута од судиското продолжение поразот на Вердер го ублажи Леонардо Битенкурт.

Борусија Менхенгладбах е на водечката позиција со 25 бодови, четири повеќе од вториот РБ Лајпциг, третиот Баерн Минхен и четвртиот Фрајбур, додека 20 бодови инма петиот Хофенхајм, а Борусија Дортмунд која во саботата беше декласирана во Минхен има 19 бодови и ја држи последната позиција која води во европските купови.

Баер Леверкузен остави победа со 2:0 на гостувањето кај Волфсбург, а стрелци беа Карим Белараби во 25 и Паулињо во шестата минута од судиското продолжение. Со овие три бода Баер сега е осми со 18 бодови и на табелата го мина Волфсбург кој остана со 17 бодови но сега на десеттото место.

Фрајбург дома со голот на Нилс Петерсен го победи Ајнтрахт во натпревар во кој имаше три исклучувања. Во последните поменти од првото полувреме кај гостите беше исклучен Гелсон Фернандес, а во долгото судиско продолжение кое траеше повеќе од десет минути и Давид Абрахам, а домашните останаа без Винченцо Грифо.

Фрајбург е високопалсиран четврти со 21 бод, а Ајнтрахт падна на деветтото место со 17 бодови.