Борусија М победи во историскиот меч во Бундеслигата

Во заостанатиот натпревар од 21-то коло од германското фудбалско првенство Борусија од Менхенгладбах со 2:1 го победи Келн.

Регионалното дерби меѓу Борусија и Келн требаше да се одгира пред еден месец, но беше одложен поради невремето. Во средата натпреварот го понесе епитетот „историски“, бидејќи беше првиот во историјата на најелитното германско фудбалско натпреварување, започнато во форматот на Бундеслигата од 1963 година, кој се играше без публика. Ваквата одлука сега беше донесена поради епидемијата од коронавирусот.

Домашните поведоа во 32 минута со голот на Брил Емболо, а на 2:0 зголеми Хорхе Мере во 70 минута, додека гостите намалија преку Марк Ут во 81 минута,.

Борусија Менхенгладбах го прескокна на табелата Баер Леверкузен и сега е четврта со 49 бодови, последното кое води директно во Лигата на шампионите. Бод повеќе има третопласираниот РБ Лајпциг, Борусија Дротмунд на второто место има 51 бод, а водечкиот минхенски Баерн има 55 бодови. Келн, пак, остана на 10-то место со 32 бода.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.