Борусија М подобра од Баерн, Баер од Шалке

Водечката екипа во германското фудбалско првенство Борусија Менхенгладбах во саботата во 14-то коло со 2:1 го совлада актуелниот шемпион минхенски Баерн, а во вториот дерби дуел вечерва Баер Леверкузен со истиот резултат го совлада Шалке 04.

Иако Баерн поведе во Менхенгладбах преку Иван Перишиќ во 49 минута, во продолжението Борусија направи целосен пресврт преку Рами Бенсебаини во 60 минута и во втората минута од судиското продолжение од пенал, откако претходно од игра кај гостите беше исклучен Хави Мартинез.

Во Леверкузен Баер имаше водство од 2:0 благодарејќи на двојниот стрелец Лукас Аларио во 15 и 81 минута, а Шалке веќе во следанта минута само ја врати неизвесноста со голот на Бенито Раман.

РБ Лајпциг беше сигурен на домашен терен со 3:1 во дуелот со Хофенхајм. Стрелци за домашните беа Тимо Вернер во 11 и 52 минута од пенал, како и Мерсел Забитцер во 83 минута, а намали Ермин Бичакчиќ во 89 минута.

Борусија Дортмунд со 5:0 на домашен терен ја потопи Фортуна. По два погодока постигнаа Марко Ројс, во 42 и 79, и Џејдон Санчо во 63 и 74, а во 56 минута меѓу стрелците се запиша и Торган Азар.

Мајнц поведе во 15 минута преку Левин Езлинали на гостувањето кај Аугсбург, но домашните направија целосен пресврт преку Марко Рихтер во 41 и Флориан Ниедерлехнер во 65 минута од пенал.

Фрајбург во финишот во 85 минута со голот на Џонатан Шмид успеа да дојде до трите бода во мечот со Волфсбург.

Во петокот Ајнтрахт и Херта одиграа без победник 2:2, а во недела се играт натпреварите Унион Берлин – Келн и Вердер – Падеборн.

 

ТАБЕЛА

1 Борусија М 14 10 1 3 30 16 31
2 Лајпциг 14 9 3 2 39 16 30
3 Дортмунд 14 7 5 2 33 19 26
4 Шалке 04 14 7 4 3 25 18 25
………………………………………..
5 Фрајбург 14 7 4 3 24 17 25
………………………………………..
6 Леверкузен 14 7 4 3 22 18 25
………………………………………..
7 Баерн Минхен 14 7 3 4 35 20 24
………………………………………..
8 Хофенхајм 14 6 3 5 19 23 21
9 Волфсбург 14 5 5 4 15 14 20
10 Франкфурт 14 5 3 6 24 22 18
11 Аугсбург 14 4 5 5 20 26 17
12 Унион Берлин 13 5 1 7 16 19 16
13 Мајнц 05 14 5 0 9 20 34 15
14 Бремен 13 3 5 5 22 28 14
15 Херта БСЦ 14 3 3 8 20 29 12
………………………………………..
16 Дизелдорф 14 3 3 8 16 29 12
………………………………………..
17 Келн 13 2 2 9 12 28 8
18 Падерборн 13 1 2 10 16 32 5