Борусија подготвена да го продаде Санчо

Откако еден од најдобрите млади фудбалери на светот 19-годишниот Норвежанец Ерлигн Браут Халанд потпиша за Борусија Дортмунд, германскиот великан е подготвен да го продаде својот најдобар играч, исто така, 19-годишниот Англичанец Џејдон Малик Санчо, а цената е најмалку 120 милиони евра.

Борусијата го ангажираше младиот норвешки напаѓач со што ги расипа плановите на англиските гиганти, но истовремено создаде можност да го продаде еден од своите најдобри играчи.

Многу големи европски клубови пројавуваа досега интерес за младиот англиски репрезентативец. Во трката по неговите услуги беа манчестерските клубови Јунајтед и Сити, Челзи, шпанските Реал Мадрид и Барселона, а се споменуваат и италијански Јувентус и германски Баерн.

Талентираниот Санчо, според најавите, нема ништо против да се врати на Островот, особено откако кон крајот на ноември беше казнет со 100.000 евра поради доцнењето од репрезентативната пауза.

Борусија направи одлична зделка кога во август 2017 година го доведе Санчо од Манчестер Сити за 10 милиони евра. Момчето веднаш беше приклучен на првиот тим и набрзо стана вистинска сензација. На 79 натпревари во дресот во Борусија постигна 26 голови и се проби во англиската селекција.

„Милионерите“ од Дортмунд направија добра зделка и со доведувањето на „норвешкото чудо“. Иако Хааланд беше на мета на голем број европски гиганти, младиот напаѓач се реши за Борусија.

„Не е работата во парите. Ние сме многу мирни. Важно ни е да го обдереме клубот кој најдобро ќе одговара во оваа рана фаза од кариерата на Ерлинг.“, изјави неговиот татко Алф-Инге Халанд, кој десет години играше во англиски клубови Нотингем Форес, Лидс Јунајтед и Манчестер Сити.

Меѓутоа, трансферот на неговиот син на Островот пропаднал, како што пишуваат британските медиуми, биле токму нереалните барања на таткото и на менаџерот на младиот фудаблер.

Халанд потпиша договор до летото 2024 година за седум милиони евра по сезона, а неговиот сега веќе поранешен клуб Ред Бул Салцбург доби отштета од 20 милиони евра. Во Австрија дојде во 2018 година, од Молде, а сезонава во 22 натпреваеа постигна 28 голови, при што дури осум голови во групната фаза од Лигата на Шампионите.