Борусија со предност по мечот кај Севилја

Во првиот дуел од осминафиналето во Лигата на шампионите, Борусија Дортмунд на стадионот „Рамон Санчез Пизхуан“ ја победи домашната Севилја со 3:2, со два погодока на одличниот лад норвешки напаѓач Ерлин Халанд.

Стрелци за Севилја беа Суси во 7 и Лук де Јонг во 86 минута, додека победата на Борусија ѝ ја донесоа погодоците на Махму Дауд во 10 и на Ерлиг Халанд во 27 и 43 минута. Реванш дуелот е закажан за 9-ти март во Дортмунд.

Мечот го одбележаа двата погодоци на Халанд, со кои стаса до осум голови сезонава во Лигата на шампионите. Младиот Норвеженец сега има 18 погодоци во само 13 средби во рамките на Лигата на шампионите, а куриозитет е што бил стрелец на меч со сите осум противници против против кои настапил.

Борусија со оваа победа ја прекина серијата од три последователни порази во сите натпреварувања, додека Севилја го впиша првиот пораз по деветте победи во низа, од кои во0 последните седум не прими ниеден погодок.

Гостите од Дортмун изненадија со отворениот напаѓачки пристап на отворањето на мечот, но Севилја со малку среќа поведе уште во 7 минута, Сусо шутираше од работ на шеснаесетникот, топката го погоди Матс Хумел и го измами голманот Марвин Хитц.

Борусија израмни 12 минути подоцна со голот на Дауд со одличен удар од повеќе од 20 метри. Во 27 минута гостите направија пресврт кога Халанд повлече напад двојно проигра со Џејдон Санчои и погоди покрај немоќниот домашен голман. Во послендата минута од првото полувреме Халанд уште еднаш ја затресе мрежата на Севилја, откако на средината погрешни проигра Иван Ракитиќ по што Марко Ројс го проигра стрелецот.

Тренерот на домашната екипа Хуан Лопетеги на поливремето го извади од игра Ракитиќ а го воведе Немања Гудељ, а по 60-та минута направи уште три замени по што неговиот тим заигра многу подобро. Во 74 минута Севилја испушти можност да го намали водството на гостите, кога Оскар Родригез од слободен удар ја погоди стативата, а малку надеж за шпанскиот претставник за реваншот враи Де Јонг кој во 86 минута намали на 2:3.