Борусија Д киксираше дома против Аугсбург

Во последниот натпревар од 24-то коло на германското фудбалско првенство Борусија од Дортмунд и Аугсбург одиграа без победник 1:1 (1:0).

Домашните во водство ги донесе Марко Ројс во 16 минута, а бод за гостите донесе Дансо во 73 минута.

Второпласираната Борусија Д со ова реми пропушти можност да се одвои од најблиските тимови кои ј аследат, сега има 41 бод, еден повеќе од третиот Шалке 04, а два од четвртопласираниот Ајнтрахт, додека Аугсбург е осми со 32 бода. Недостижен на врвот е минхенски Баерн до 60 бодови.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.