Борусија Дортмунд тргна по Малком од Барселона

После ангажманот на Јулиан Брант, Торган Азар и Матс Хумелс, сега на ред дојде Борусија Дортмунд да го засили дефанзивниот среден ред на тимот.

Така според последните најави од Германија, Борусија Дортмунд подготвува понуда од 40 милиони за фдбалерот на Барселона, Малком. За Малком е заинтересиран и Евертон.

Сепак, спорна е сумата, затоа што пред неколку дена Барселона објави дека бара 60 милиони евра за овој играч.

Утринава од каталонскиот тим соопштија дека нема официјална понуда од Дортмунд за играчот.