Босанец уценувал струмичанка со секси фотки

Босанец уценувал струмичанка од која барал пари за да не објави нејзини интимни фотографии, информираше МВР. Струмичката полиција поднесе кривична пријава против М.В. (27), државјанин на Босна и Хецеговина, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело уцена.

Според полицијата, М.В. во текот на декември 2017 година, преку профил на социјалната мрежа Фејсбук, побарал од струмичанката, која му била пријателка, да му испрати фотографии со интимна содржина. Откако таа му ги испратила фотографиите, Босанецот со СМС порака побарал да му уплати 2.000 евра на негова сметка. Тој и се заканил дека во спротивно фотографиите ќе ги објави на социјалните мрежи.