Босанец се замислува дека е шеик

Тој вели дека во еден момент се замислис себеси како шеик.

„Кога работев нешто надвор, имаше многу ѓубре. Јас го прочистив со машина и така се појави несто. Не можев да сфатам за што се работи, но од ден на ден чувствував некој чуден мирис“, се потсетува Хајрудин.

По разговорот со пријателите дошол до заклучок дека на тоа подрачје се наоѓа природен извор на нафта или некој друг енергенс.

„Значи дека нешто има. Од тогаш до денеска, некои 15-тина години, се’ уште излегува на површина, никогаш не ни престана. Во зима или на лето, темпото си останува исто“, рекол Хајрудин.

Тој рекол дека доаѓале некои странски делегации, ја снимале ситуацијата, а едиствено екипа од Загреб однела примероци на анализа.