Босанската полиција употреби оружје за спречување масовна тепачка меѓу имигранти

Во импровизираниот центар за сместување на илегалните имигранти во Бихаќ избувна тешка масовна тепачка меѓу имигранти од различни земји, а во безредијата кои траеле повеќе часови биле нападнати и полицајците кои дошле да интеренираат и да направат увид, потврдија во вторникот од министерството за внатрешни работи на Унск-санската жупанија во Босна и Херцеговина.

Полицајците биле нападнати во понеделникот вечерта од поголема група имигранти, при што било оштетено едно полициско возило, изјавила полициската портпаролка Снежана Галиќ, која ја цитира дневниот весник Dnevni avaz. Цел на нападот, според неа, биле и припадниците на обезбедувањето на напуштениот ученички дом во Бихаќ, каде што привремено се сместени имигрантите.

Повод за масовната физичка пресметка бил судирот меѓу двајца имигранти од Иран во понеделникот навечер, при што еден од нив бил повреден. Обезбедувањето потоа повикало полиција, кои извршиле увид и заминале, но веднаш потоа добиле известување за уште потежок инцидент, односно дека избувнала масовна тепачка во текот на делењето на храната, при што обезбедувањето интервенирало да ги раздвои судрените групи.

Во импровизираниот камп испратени се полициски засилувања, а во текот на новиот увид полицјаците утврдиле дека во кампот организирана група од Авганистан секојдневно ги малтретира другите мигранти.

Меѓутоа, токму во текот на вршењето на увидот, ианците кои се пожалиле на тоа како и полицијаците, биле нападнати од други имигранти кои почнале да фрлаат камења врз полицијаците и обезбедувањето. Полицијаците затоа биле принудени да употребат огнено оружје за да се зашитата испукувајќи неколку истрели во воздук, рекла Галиќ.