Босански концерн го тужи „Фолксваген“ за 2 милијарди евра

Босанскиот концерн „Превент“, кој произведува делови за автомобили подготвува тужба тешка 2 милијарди евра против автомобилскиот гигант „Фолксваген“, поради еднострано раскинување на договор, пишуваат германските медиуми.

Според медиумите, „Превент“ го обвинува германскиот гигант за еднострано раскинување на договорот и планирана измама. Во летото 2016 година фимите „ЕС Гус“ и Кар Трим“, кои произведуваат делови за менувачи и пресвлеки за автомобилски седишта, ја прекинале испораката на деловите бидејќи „Фолксваген“ наводно прекршил еден претходен договор.

„Фолксваген“ по прекинот на работата во неколку погони и загубата, која тогаш била наведена како неколку стотици милиони евра, потпишал нова спогодба со „Првент“, но истата била поништена пред еден месец од страна на концернот од Волфсбург.

Според Босанците, „Фолксавген“ уште во 2016 година, при склучувањето на договорот имал намера истиот предвреме да го поништи.

Од германскиот концерн, пак, се правдаат дека тогаш со уцена биле присилени да го потпишат договорот, но и дека од самиот старт на „превент“ му ставиле до знаење дека договорот го сметаат за неодржлив. По раскинување на договорот „Превент“ бил присилен да отпушти голем број на работници од своите фабрики.